Македонија
19. December 2018 - 11:44

Во Македонска Каменица одржана јавна расправа за буџетот за 2019

Со цел утврдување на приоритетните барања на граѓаните, а во насока на креирање на реален буџет во општина Македонска Каменица, се оддржа јавна дебата за утврдување на приоритетите на граѓаните и креирање на Буџетот на општината за 2019 година.

Презентирајки ја предвидената развојна програма на општината за 2019 година, градоначалничката Соња Стаменкова пред присутните истакна дека целта на дебатата е да се слушне мислењето на секој граѓанин.

- Со цел подобрување на квалитетот на живот во општина Македонска Каменица на јавната дебата ги презентиравме прироритетните проекти кои се предвидени за реализација во 2019 година. На средбата, договоривме и разгледавме редица на други приоритетни проекти и барања на граѓаните од повеќето месни заедници, кои во рамки на програмските определби, развојните програми и Буџет на општина Македонска Каменица за 2019 година, ќе бидат предивидени и етапно реализиран, истакна градоначалничката Стаменкова.

Стаменкова додаде дека во наредните денови овие јавни расправи ќе продолжат.

Покрај градоначалничката на општина Македонска Каменица, на средбата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски, директорот и претставници на Јавното претпријатие „Камена Река“, како и претставници на месните заедници.