Во Македонија откриени три нови вида инсекти

Три нови досега непознати вида водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“, пренесува Мета.
Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите кои спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab со соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси и природни науки.
Засега инсектите не се целосно истрaжени, но научниците алармираат дека тие веќе се изложени на ризик од истребување, поради планот на македонската влада за изградба на 22 хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“.
– Хидроелектраните, одводот на вода и каптирањето што доаѓа со него, ги изложува овие чувствителни видови, кои живеат на овој локалитет на ризик од исчезнување – вели Волфрам Граф.
Фото: Волфрам Граф
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
