Во Македонија нема птичји грип, подигнато нивото на внимателност

По последниот случај на авијарна инфлуенца (птичји грип) во февруари годинава, во Република Македонија досега не е потврдено присуство на оваа болест ниту кај живината, ниту кај дивите птици, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
По информациите за присуство на птичји грип во европски и држави од регионот, АХВ го подигна нивото на внимателност.
Останува на сила обврската за одгледувачите на живина да пријавуваат зголемена смртност во јатата и сомнителни случаи на угинувања на диви птици или преселници.
Заради спречување на ширење на вирусот на птичји грип, Агенцијата, како што информира, континуирано носи решенија за забрана за увоз на живи животни и производи и нус производи од живина од земјите и регионите каде е потврдено присуството на оваа болест.
- На 15 ноември АХВ почнува со спроведување активности за надзор на „авијарна инфлуенца“ во Република Македонија што, кој секоја година се реализира преку земање крв од живина и диви птици за утврдување евентуално присуство на птичји грип, велат од АХВ.
Болеста најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар и од неа првенствено заболуваат птиците.
- Бидејќи станува збор за период на активност на дивите птици и преселниците, апелираме до одгледувачите на живина да преземат превентивни мерки за намалување на ризикот од појава или пренесување на оваа болест во јатата. Препорака е живината да се држи подалеку од области кои се посетувани од диви птици, да се контролира пристапот до одгледувалиштата на живина на луѓе и опрема, да се отстранат предмети од одгледувалиштето кои може да привлечат диви птици, да се одржува хигиена на имотот и објектите во кои се држат живината и опремата, да не се внесува живина/птици од непознат статус на болеста во јатото/одгледувалиштето, да се води евиденција за болни и угинати птици, соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина, препорачува АХВ.
Ново на Сител
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните комапнии?
