-->
-->
Во мај инфлацијата во ЕУ беше 8,8 отсто, а во еврозоната 8,1 отсто
-->
Според последните податоци на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија, инфлацијата во мај изнесувала 8,8 отсто во ЕУ и 8,1 отсто во еврозоната.
Една година претходно стапката на инфлација во ЕУ беше 2,3 отсто, а во еврозоната 2,0 отсто.
Најниски стапки се регистрирани во Франција и Малта – 5,8 отсто и Финска 7,1 отсто, а највисоки во Естонија 20,1 отсто, Литванија 18,5 отсто и Летонија 16,8 отсто.
Двоцифрена инфлација е забележана и во Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија и Словачка. Најголемо учество во мајската инфлација има енергенсите – 3,87 отсто, потоа храната, алкохолот и тутунот – 1,59 отсто, како и услугите – 1,46 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија