Во Лос Анџелес вечерва по 92. пат ќе се доделуваат Оскари, „Џокер“ со најмногу номинации

Во Лос Анџелес вечерва ќе се оддржи 92. доделување на наградите Оскар, а најмногу номинации, дури 11, има филмот „Џокер“ на режисерот Тод Филипс.
Дури две престижни признанија, што ги доделува американската Академија за филмска уметност и наука, може да му припаднат и на македонскиот документарец „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стафанов.
Покрај „Џокер“ уште осум филмови се натпреваруваат во категоријата за најдобро остварување во 2019 година. Како најсериозен противкандидат на „Џокер“ се појавува филмот „1917“ на британскиот режисер Сем Мендез, со 10 номинации.
Оваа воена драма на годинашното доделување на наградата БАФТА беше наградена со признанието за најдобар филм.
Меѓу главните фаворити за најпрестижната статуетка е и носталгичната ода на Квентин Тарантино за последните денови на стариот Холивуд „Беше еднаш во…. Холивуд“, со 10 номинации.
Шест номинации има јужнокорејскиот филм „Паразит“, на режисерот Бонг Џу-Хо.
„Ирецот“ (Irishman) може на Мартин Скорсезе да му донесе уште една статуетка за најдобар режисер, откако во 2007 година ја доби за режијата на филмот „Покоен“. Ова е воедно девета номинација на Скорсезе во категоријата најдобар режисер.
Кога станува збор за единечните награди речиси е извесно дека Рене Залвегер и Хоаин Финикс ќе ја добијат наградата за најдобра актерка, односно актер.
Доколку Финикс го освои Оскарот за најдобра машка улога, тоа ќе биде вторпат ликот на „Џокер“ некому да му го донесе ова актерско признание, по Хит Леџер во 2009 година.
Благодарение на улогата на каскадерот во филмот „Беше еднаш во…. Холивуд“, Бред Пит е главен фаворит за најдобра машка споредна улога, додека кај жените тоа е Лора Дерн за нејзината улога на адвокатка за бракоразводни парници во филмот „Брачна приказна“.
Ново на Сител
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
