Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства.
Дејли Мејл пришува дека сомнителниот радиоактивен отпад го открил работник во градската чистота.
Специјална единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи ги да не влегуваат на улицата додека не се смири ситуацијата.
Еден од градските работници за чистење, кој се претставил како Џорџ, рекол дека верува оти во домот пред кој бил пронајден отпадот живеела 90-годишна жена која починала, додека машкиот жител бил сместен во дом за стари лица. Тој додаде дека секоја соба во куќата е преполна со работи кои не биле фрлени со години.
- Однесов еден круг ѓубре на депонија и кога го скенираа, ми рекоа дека не можам да ги оставам работите бидејќи се радиоактивни. Не ни знаев што има во нив, имаше толку многу ѓубре. Не знаев што да правам, рече Џорџ.
Еден од полициските службеници кој пристигнал на местото на настанот изјавил дека предметот бил проверен и констатирано е дека е безбеден.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз