Свет
29. September 2015 - 20:10

Во Литванија запленети 600 килограми кокаин од Колумбија

Литванската полиција заплени 600 килограми кокаин скриен во пратка со јаглен од Колумбија. Во операцијата се уапсени девет лица.

- Дрогата, чија пазарна вредност е 40 милиони евра, најверојатно била наменета за рускиот пазар, изјави полицискиот комесар Линас Пернавас.

Поголемиот број од уапсените се Литванци, а најмалку еден од нив е Колумбиец. Тие може да бидат осудени на 15 години затвор.

Кокаинот бил пронајдени во пратка од 250 тони јаглен. Тоа е досега најголема заплена на кокаин  во Литванија.