Во Либија потпишан мировен договор без учество на Триполи

Некои од завојуваните страни во Либија денеска потпишаа договор под покровителство на ОН за формирање на влада на национално единство и прекин на борбите.
- Тоа е само еден, но важен чекор на патот кон мир, изјави специјалниот претставник на ОН за Либија Бернардино Леон на церемонија за потпишување на договорот, на која учествуваа претставници на парламентор во Тобрук, претставници на општини, политички партии и на граѓанското општество.
Претставниците на парламентто во Триполи не присуствуваа на средбата. Претходно тие го отфрлија предлогот за формирање на национална влада на единство и организирање на нови избори.
Либија, која падна во хаос по соборувањето од власт на Моамер Гадафи во 2011 година, има два парламенти кои меѓусебно не се признавата. Еден во Триполи и еден во Тобрук, кој е признат од меѓународната заедница.
Ново на Сител
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
