Во летните месеци жителите на Базел се враќаат пливајќи од работа

Во летните месеци, жителите на Базел се шетаат по улиците на градот со посебни чанти во облик на риба. Тие чанти се всушност водоотпорни, кои се користат за пакување на личните работи кога ќе одлучат да запливаат во реката Рајна.
Оваа европска река во текот на летните месеци е извор на забава за многу граѓани на овој швајцарски град што се наоѓа на границата помеѓу Германија и Франција.
Иако просечната летна температура во Базел изнесува околу 25 степени целзиусови, Рајна ја карактеризира брзиот и непредвидлив речен тек кој што е препорачлив за најдобрите пливачи, а многумина од нив токму во неа бараат освежување.
Таму често може да видите како луѓето по работното време ги соблекуваат своите одела на крајбрежјето на Рајна, се подготвуваат, и пливајќи стигнуваат до своите домови.
Не само што реката Рајна е „темпераментна“ река која што е наменета само за врвни пливачи, туку околу неа нема спасувачи. Па, доколку сакате да запливате во неа, тогаш тоа го правите на сопствена одговорност.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
