Во Лас Вегас промовиран Лајонс Европа форум „Скопје 2018“
Во американскиот град Лас Вегас, каде од 29 јуни до 4 јули се одржува 101-та Интернационална конвенција на лајонс клубовите од светот, денеска посебен промотивен настан приредија членовите на македонската делегација предводени од Соња Бојаџиева, прв човек на македонските лајонси.
Пред лајонсите од светот Бојаџиева ги претстави хуманитарните активности, донации и акции кои ги реализирал македонскиот Лајонс Дистрикт 132, како и подготовките на македонските лајонси за претстојниот Лајонс Европа форум кој од 25-ти до 27 октомври ќе се одржи во Скопје.
- Во Лас Вегас, пред лајонсите од светот ги претставив сите досегашни активности што сме ги направиле во Македонија и упатив посебна покана да бидат наши гости на големиот европски собир кој од 25-ти до 27 октомври ќе се одржи во Скопје. Презентацијата беше исполнета со филмувана проекција поврзана со убавините и реткостите на Република Македонија, со можностите на градот Скопје, но и на Охрид, Битола и други македонски градови во кои очекуваме наесен да уживаат нашите гости од цела Европа, посочи Бојаџиева, која е новоизбран гувернер на Лајонс Дистрикт132 Македонија.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци