Во кумановската болница хоспитализирани околу 50 пациенти заболени од Ковид-19
Во кумановската општа болница сместени се 47 пациенти, заболени од Ковид-19, со средно-тешка и тешка клиничка слика, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. На инфективното одделение болнички се лекуваат 22 пациенти, во модуларната болница 25. На дневна болница се лекуваат околу 30-40 пациенти кои се со полесна клиничка слика. Најголем процент се невакцинирани, има и помал процент вакцинирани кои имаат полесна клиничка слика. Поголем дел се од Куманово, а последниве денови и наплив на пациенти од Крива Паланка.
– Бројките се менуваат од ден во ден, но од август откако почна последниот бран, до денес немаме некој голем пад, напротив деновиве имаме и благ пораст, поради тоа што времето залади, луѓето се групираат и главно-непочитување на мерките придонесува за пораст на бројките. После Скопје, Куманово е со најголем број заболени, изјави директорката на болницата, д-р Снежана Захариева.
Таа повторно апелираше да се почитуваат мерките кога граѓаните се наоѓаат во затворен простор, а повика и на вакцинација.
– Наше е да кажеме, да ги поттикнеме, но граѓаните самите одлучуваат колку ќе водат грижа за сопственото и здравјето на блиските, вели Захариева.
Возрасната група на заболени кои бараат помош е поместена, појаснува Захариева, ако до неодамна биле повозрасни лица со придружни болести, во амбулантските прегледи сега има млади луѓе без и со коморбидитети.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Синагогата во Белград е можна првична мета на терористичкот напад во Белград
-
Северна Кореја: Односите меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија се развија во азиска верзија на НАТО
-
ЦУК: Десет пожари на отворено од коишто еден е се уште активен
-
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
-
Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ
-
МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци
-
СДСМ избира нов лидер на партијата
-
Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации