-->
-->
Во Куманово заловени 35 кучиња скитници
-->
Стручните служби во рамки на дводневната акција што ја спроведуваат тимовите на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ на подрачјето на општина Куманово, заловија 35 кучиња скитници.
Тендерот што го распиша општината во вредност од 800.000 денари за заловување на кучињата, го доби ветеринарно-сточарскиот центар,кој ги исполнува законските одредби, бидејќи, нагласија од секторот за инспекциски надзор, центарот поседува прифатилиште за заловените кучиња во село Четирце, согласно одредбите и правилниците од Законот за благосостојба на животните, а имаат и стручни тимови за третман на кучињата. Заловените кучиња се транспортираат до прифатилиштето каде што по добиениот третман по 30 дена се враќаат на локацијата од каде што се заловени.
- Кучињата се заловуваат во централното градско подрачје, по што ќе акцијата ќе се прошири во поширокото централно подрачје и приградските населби и ќе продолжи на територијата на градежниот опфат на Куманово, согласно динамиката која што се применува со години наназад, изјави Гордан Таневски,комунален редар од секторот за инспекциски надзор.
Граѓаните можат да се јават и да ги информираат надлежните за движењето на кучињата скитници во одредени населби и реони, но и можат да си вдомат куче. Акциите за заловување кучиња скитници ќе траат се додека не се потрошат средствата од тендерот. Со претходниот тендер беа заловени околу 250 кучиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг