-->
-->
Во Куманово вчера три пожари
-->
Три пожари се случиле вчера на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.
Пожарникарите вчера интервенирале на пожар кој избувнал под Спомен-костурницата од 20.25 до 21 часот. Пожарникарите го гаселе пожарот со едно противпожарно возило.Горела сува трева и стрниште.
Вчера во два наврата горела сува трева и стрниште во месноста Багрем Бања во населбата „Перо Чичо“. Првиот пожар е регистриран во 13 часот, вториот на истата локација во 18.15 часот. Во двата пожара пожарникарите интервенирале по триесетина минути, по повик на локалното население.
Со зголемување на температурите речиси секојдневно гори сува трева и стрништа на повеќе локации во Куманово, но речиси секојдневно во месноста Багрем Бања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци