-->
-->
Во Куманово поднесени 60-тина апликации за користење на мерката грант за самовработување
-->
До Центарот за вработување во Куманово за користење на мерката грант за самовработување има поднесено 60-тина апликации од страна на невработени од Кумановско, информираа денеска надлежните од Центарот и ги повикаа невработените кои имаат бизнис идеја, одржлив бизнис план да аплицираат за оваа мерка до крајот на јануари.
- За да се аплицира потребно е лицата да се водат како активни баратели на работа во Центарот за вработување Куманово.Очекуваме до крајот на јануари да пристигнат значителен број апликации.Може да се потенцира дека оваа мерка е една од најатрактивните за невработените, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Центарот за вработување.
Лани, на двата огласи биле одобрени 72 гранта за самовработување, што според Тренчевски, е втора бројка на ниво на државата. Минатата година со грант за самовработување во Куманово биле отоврени компании од различни дејности, од метало-преработувачката, дрвната, прехрамбената индустрија, адвокатски канцеларии, забни ординации, сметководствени бироа. Сто педесет и шест млади кумановци до 29 години, лани го искористиле правото за работно искуство преку мерката практиканство.
Тренчевски потсети дека тече огласот за обука со субвенционирано вработување, кој не е ограничен,при што невработеното лице добива 6.200 три месеци, работодавачот кој ангажира невработено лице добива по 19.000 денари, од кои 9.000 се личен доход и 5.000 денари придонеси, додека самиот работодавач добива 5.000 денари субвенција и има обврска да го задржи наредните 12 месеци. Во кумановскиот центар за вработување формирани се два тима кои три пати неделно држат обуки со невработените и два пати неделно со работодавачите во рамки на проектот „Се бориме за секое работно место“.
- Целта е да ги поврземе работодавачите и невработените, да се увиди каков кадар во моментов е најбаран, што нудат работодавачите, а која е понудата на пазарот на труд во Куманово, изјави Тренчевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла