Во Куманово околу 50 апликации за мерката самовработување со грант

До кумановскиот Центар за вработување пристигнале 51 апликација од невработени лица за користење на мерката самовработување со грант.
Од Центарот за вработување во Куманово информираат дека огласот завршува на 17 јуни.
- Апел до невработените, активните баратели на работа, кои имаат креативна идеја, изводлив бизнис план, да аплицираат за оваа мерка со која добиваат 4.000 евра неповратни средства, изјави раководителот на Центарот за вработување, Милорад Тренчевски.
На првиот оглас објавен во јануари годинава, според податоците на Центарот за вработување Куманово, се пријавиле 100-тина лица, а одобрени биле 59 апликации.
- Во моментов, овие фирми се во фаза на отварање, рече Тренчевски, додавајќи дека има различни категории на компании кои се отворени со мерките од Оперативниот план за вработување на Владата. Меѓу нив има занаетчиски и чевларски работилници, фирми од металната индустрија, за производство на пвц столарија, како и адвокатски канцеларии, сметководствени бироа, фризерски и козметичарски салони.
Оваа мерка се спроведува од 2007 година и досега од Куманово учествувале 1.706 лица, а отворени се 730 фирми.
- Со задоволство можам да констатирам дека 80 проценти од нив се уште успешно опстојуваат на пазарот. Дел од нив почнале со еден вработен, а потоа се прошириле со 50-тина вработени, истакна Тренчевски.
Тој потсети дека во тек е и мерката практиканство за млади до 29 години се до исполнување на квотата од 1000 млади лица. Во Куманово има пристигнато 194 апликации од млади, 145 од фирмите, а досега се ангажирани 103 млади невработени лица кои добиваат по 6.200 денари.
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
