Во Куманово дискусија за европската политика за рамномерен регионален развој

Претставници од општините од североистокот, од меѓународната заедница и од Владата денеска во Куманово дискутираа на тема „Развој без прогрес-Македонија и регионите низ перспективата на Европската политика за рамномерен развој“ што ја организираат Европското движење во Македонија и општина Куманово. Дискусијата се организира по повод Денот на Европа.
Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми рече дека политичарите не треба да заборават оти пред се имаат обврска да го подобрат животот на граѓаните без разлика во кој дел од државата живеат, да обезбедат најповолни услови за живот и работа на локално ниво.
- Треба целосно да бидеме фокусирани во реализација на нашите стратешки цели, членството на нашата земја во ЕУ и НАТО. На панел дискусијата ќе се осврнеме на суштинската потреба од рамномререн регионален развој, еднакви услови, фер можност за развој, за образование, транспорт, социјална заштита, изјави Адеми.
Тоа се елементи кои, како што рече, го чинат секојдневниот живот полесен, ги привлекуваат младите луѓе да останат во земјата и дома да ја градат својата иднина. Додаде дека се реализирани многу проекти и дека се планира реализација на многу проекти, но истакна дека суштината не е секогаш во бројот на реализацини проекти или нивниот паричен износ, туку во тоа колку тие проекти реално ги задоволуваат потребите на граѓаните за кои се наменети.
Милева Ѓуровска од Европското движење во Македонија, изјави дека веќе е традиција во Куманово да се организираат панел дискусии по повод Денот на Европа и додаде дека денешната тема не е важна само за североисточниот регион, туку воопшто за Македонија.
- Темата не трпи многу политика, туку практични решенија со кои ќе се дејствува на планот на развој на државата на економски план, на развој на човечки ресурси, руралниот развој, развојот на заемјоделството, рече Ѓуровска.
Сите проблеми, нагласи, би биле многу помали доколку се реши проблемот со економскиот развој и намлување на нееднаквостите и регионалните диспаритети. Престои, рече, вистинска борба на која треба да се посветиме и создавање на кохезивна сила во општеството и тоа разединување во идниот период да се надмине.
Таа посочи дека на дискусијата учествува и експерт од Полска и додаде дека оваа држава е пример во стручната литература за држава која умеела да ги искористи регионалните фондови на ЕУ.
- Во Европа политика на регионалниот развој е една од виталните. Во овој актуелен момент кога ЕУ се наоѓа во криза, се вели дека индината на Европа зависи од тоа колку ЕУ ќе направи на намалување на регионалните диспаритети, изјави Ѓуровска.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски нагласи дека темата предизвикува исклучително внимание во Македонија во овој период, но додаде дека овој процес е доминантен во Европа.
- Ќе ги отвориме сите теми што значи регионализација во Европа, кои се приоритетите, кои се позитивните страни, кои се стравувањата на граѓаните на Република Македонија. Претпоставувам дека тука ќе упатиме и некоја порака, заклучоци и ќе дадеме силен придонес на таа табу тема која со децении наназад во Македонија владее. Затоа јас со големо задоволство ја прифатив оваа понуда, да присуствувам денеска и да дадам свое видување и излагање по таа тема, изјави Дамјановски.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
