Во крводарителска акција во Велес собрани 158 крвни единици
Во денешната акција за доброволно дарување крв по повод ослободувањето на Велес – 9 ноември, за седум часа беа собрани 158 крвни единици. Меѓу крводарителите имаше 122 мажи и 36 жени, а петмина првпат даруваа крв.
Акцијата, која е 15 по ред, ја организираше Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со велешката Општинска организација на Црвениот крст и Општина Велес.
Претставникот на велешкиот Црвен крст, Орце Николов во изјава за МИА оцени дека денешната акција е една од поуспешните овогодишни крводарителски акции меѓу граѓаните на Велес.
– Како и многупати на ваквите бројни акции и денеска велешани во голем број се вклучија и дадоа свој придонес за успешна акција, а со тоа докажаа дека во изминатите години и се уште се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.
При крводарителската акција на велешките моторџии од „Носачи на крстот“ одржана на 10 ноември 2021 година беа собрани 173 крвни единици, а во пролетната 171 крвна единица.
Ново на Сител
-
Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица
-
Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
-
Холандија вети 3,5 милијарди евра поддршка за Украина за 2026 година
-
СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност
-
Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана
-
Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД