Македонија
3. September 2017 - 13:25

Во крушевското село Белушино запалени три плевни

Непознато лице вчера попладне предизвикало пожар на меѓа и стрништа во крушевското село Белушино, кој поради високите температури и големиот ветар се проширил и кон населениот дел, при што зафатил три плевни, информираат од МВР.

Вчера околу 15 часот во село Белушино-Крушево кај месноста викана „Црквено“, од страна на непознато лице бил предизвикан пожар на меѓа и стрништа, кој поради високите температури и големиот ветар се проширил и кон населениот дел во Белушино, при што огнот зафатил три помошни објекти (плевни) сопственост на А.А. (1967), Д.А.(1960) и С.А. (1986), сите од село Белушино, известуваат од полицијата.

Пожарот целосно бил локализиран околу 20 часот од страна на екипи од територијалните противпожарни единици од Крушево, Прилеп и Кривогаштани, како и жители од селото.

Поради респираторни проблеми, во општата болница во Прилеп се пријавиле Б.Е. и Р.А., двајцата од село Белушино, информираат од МВР.

По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Крушево. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, информира полицијата.