Македонија
21. April 2018 - 16:33

Во Крушево ревија на изворни македонски шарпланинци

По 4-ти пат во Крушево на Гумење се одржа спезијализирана ревија на изворни македонски шарпланинци, на која учествуваа 50-тина кучиња од овој вид од цела Македонија. Организатор е фондацијата „Тоше Проески“. Одгледувачите на овие миленици се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци.

„Ова е работно грло не помешано со овие кинолошкии фалсификати кои ни се случуваат на нашите изложби, тоа е една голема мешанија, една комерцијална кинолошка мафија. Овие кучиња се двиижат околу стадото го бранат од дииви предатори, но и вршат некоја работа, сега нашиве изложбени кучиња немаат никаков инстинкт за сточарство“, вели Тони Шмит, одгледувач и истражувач на оваа раса шарпланинци.

„Луѓето имаат голем мерак за одгледување на овие кучиња, биидејчи овие кучиња се многу интелегентни, не сакаат многу дресура, кога ќе му кажеш еднаш е запамтено“, вели Дејан Чагароски, одгледувач и истражувач на оваа раса шарпланинци.

Изворните шарпланинци се делеле во 4 врсти. Драган Ристески од Крушево има 20-тина шарпланинци од сите овие подвидови.

„Ова куче беше шампион лани и преклани и тоа е со молосоидна глава, имаме потоа шарпланинци со лупидна глава, мечкина глава кои се најбарани и волчја глава“, рече Драган Ристески, одгледувач на изворни македонски шарпланинци.

Одгледувачите признаваат дека шарпланинецот како раса го делат сите околни држави кои гравитираат околу Шар планина, но овие кучиња биле исклучиво македонски.

-Според одгледувачиите на македонскиот изворен шарпланинец овие примероци за разлика од т.н. урбан шарпланинец, кој што има сиво-метална боја, се разликуваат по тоа што можат да се движат од чисто клот црна боја, па се до чисто бела боја. И тие се употребуваат за работа, односно за одгледување на стока.

„Овој шарпланинец е со бела боја, многу ретка боја, за разлика од шарпланинците кои сме навикнати да ги гледаме на иизложбите во последните 20-тина годинии“, кажа Зоран Ангеловски, одгледувач на изворни македонски шарпланинци.

Органиизаторите се надеваат овие настани уште повеќе ќе го популаризираат изворниот македонски шарпланинец како посебна раса.