-->
-->
Во Крушево по 49. пат „10 Дена Kрушевска Република“
-->
Од денеска до 10 август во Крушево по 49-ти пат ќе се одржи традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која ќе понуди бројни културни настани.
Манифестацијата започнува вечер во 20.30 часот на Гумење, во пресрет на утрешното одбележување на македонскиот национален празник 2 Август - Илинден. Пред свеченото отворање на Гумење ќе пристигнат коњаниците „Илинденски марш“, „Патот на црешовото топче и пешадиите „Христо Узунов“ и „Тодор Александров“.
Делегации ќе положат цвеќиња во криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески.
На отворањето на „10 Дена Крушевска Република“ се очекува да се обратат градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески и потпретседателот на манифестацијата Манојил Јаковлески. Централен настан на манифестацијата е одбележувањето на 2 Август- Големиот Илинден на Мечкин Камен.
Во научниот дел од програмата на 3 август од 11 часот во хотелот „Монтана палас“ ќе се одржи трибина под наслов: Илинден: слобода, државност и независност“ на која ќе говорат бројни стручњаци од земјава.
Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август кога ќе биде затворена со симнување на бајракот на Републиката и со почесна стрелба за хероите на Крушевската Република.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе