Македонија
25. January 2018 - 19:27

Во Крушево одбележан роденденот на Тоше Проески

Со полагање  цвеќе на неговото вечно почивалиште во родното му Крушево и со се уште свежа болка и непребол во срцата, роднините, пријателите, сограѓаните и фановите, денеска го одбележаа роденденот на прерано згаснатата балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Во неговата Спомен-куќа „Тодор Проески“ беше одржана пригодна културно-уметничка програма со настапот на повеќе музички имиња, меѓу кои и оперската пејачка, сопранот Билјана Јосифов. Чествувањето беше поддржано и од ЛС од Крушево.

Спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево каде се преку 350 експонати поврзани со животот и музичката кариера на Тоше, досега ја посетиле околу 600 000 гости од земјава и странство.

Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп.