Во Кривичен судење за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, за што на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
На миниатото рочиште беше сослушан еден сведок, а претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев најави ново вештачење на 31 телефон кое ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето. Тој појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен за време на првичната истрага.
– Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна, рече Ставрев на последното рочиште.
Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека по завршувањето на овој дел од постапката ќе предложи како нови докази аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.
Судот посочи дека ќе му биде потребно време да се запознае со содржината по што ќе биде договорено нивно изведување.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Судењето за „Монструм“ се одржува еден ден по приведувањето и притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овласувања заради остварување лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
