Во Крива Паланка собрани 54 единици крв
На 25 крводарителски акции одржани годинава во Крива Паланка, собрани се вкупно 1.029 единици крв. Денескa се одржа последната акција за 2016 година, во салата на локалната самоуправа на општината, на која беа собрани 54 единици.
- Ова беше втора акција одржана месецов и последна за годинава. Со Планот за крводарувања за 2016, проектирани беа 711 единици, а беше надминат за 318. Со ова уште еднаш се потврди дека Паланчани се дарители за пример и хуманоста е доблест на многумина во нашиот град, изјави Љупчо Николовски, од ОО на Црвен крст - Крива Паланка.
Првата акција планирана за 2017 година во организација на Општинска организација на Црвен крст - Крива Паланка ќе се одржи кон средината на јануари во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје.
Ново на Сител
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски