Во Крива Паланка и Ранковце регистрирани 38 случаи на заболени од грип
Вкупно 38 случаи на заболени од грип се регистрирани од почетокот на сезоната на грип на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.
- Пријавувањето почнува од 40-та недела и трае до 52-та и од прва до дваесетта недела и опфаќа две календарски години, така што за 2016/17 година досега се регистрирани 38 случаи на заболени од грип и тие се пријавени во декември. Најголем број од нив, 32 лица се на возраст од 15 до 64 години, информира доктор Елена Крстевска од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје - Крива Паланка.
Споредено со минатата сезона на пријавување, бројот на заболени од грип е помал.
- Во сезоната на грип 2015/16 биле регистрирани вкупно 52 лица, претежно на возраст од 15 до 64 години, а најмногу имало во февруари, 35 пријавени случаи. Според статистиките од изминатите години, се очекува оваа сезона која се уште трае, бројот на заболени од грип да расте во следните месеци, додаде Крстевска.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот