Во Крива Паланка и Кратово сите улици се расчистени, во Ранковце отсечено селото Герман
Со навремена интервенција на екипите на Јавното комунално претпријатие “Кратово”, сите улици во градот се исчистени, проодни и посипани со абразивен материјал и денес сите улици се проодни, информира градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.
Утрово, исто така екипите беа на терен и во подалечните населби и поблиските села.
-Како вчера, така и рано изутрина од страна на работници од ЈП Кратово исчистени се површините на плоштадот, останати тротоари и пешачки патеки. Апелираме на возачите и пешаците да внимават при движењето и да се однесуваат согласно условите на патот, рече Николовски.
Во Крива Паланка температурата е околу пет степени под нулата, рано утрово во централното градско подрачје активно се изврши чистење на сите тротоарски површини и пешачки патеки од страна на ЈП Комуналец и вработени во казнено-поправна установа затвор Крива Паланка, кои во координација со општината се ставија во служба на граѓаните.
Од Општина Ранковце информираат дека во ниските општината нема никакви проблеми со снегот, но селото Герман е отсечено и околу стотина жители на ова планинско село се отсечени.
Ново на Сител
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
