Во Крива Паланка гласаат 198, а во Ранковце 64 болни изнемоштени лица
Во Крива Паланка денеска своето избирачко право ќе го остварат 198 болни и изнемоштени лица, информираат од општинската изборна комисија.
- Избирачките комисии денеска ги посетуваат лицата на кои им е одобрено како изнемоштени и болни лица да гласаат во домашни услови. Оваа бројка на територијата на општина Крива Паланка изнесува 198. Денеска гласаат и вкупно девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор во Општинскиот затвор со отворено одделение во Крива Паланка. Ова избирачко место е отворено навреме, во седум часот утрото, а гласањето ќе се одвива до 19 часот, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка.
Во општината има вкупно 47 избирачки места на кои 17.144 гласачи утре ќе можат да го остварат своето избирачко право.
Претседателот на ОИК Ранковце, Даниел Крстевски, информираа дека право на глас имаат 3.094 граѓани од општината, а денеска во домашни услови гласаат 64 лица.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра