Во Крива Паланка денеска два нови случаја со Ковид-19
Во изминатото деноноќие во Крива Паланка се регистрирани нови два случаја на заразени со Ковид-19, додека и во текот на вчерашниот ден Институтот за јавно здравје бележи еден заболен.
За само четири дена бројот на новозаболени лица во оваа општина изнесува дваесет лица, а вкупната бројка на активни со вирусот е 38.
Лицата кои се регистрирани изминатите неколку дена се од неколку новоформирани кластери, во угостителски објекти во градот, конфекција и еден трговски објект, поради што од Општинскиот кризен штаб посочија дека граѓаните мора да бидат крајно дисциплинирани во почитувањето на сите мерки за заштита од Ковид -19, со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.
Од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка информираат дека од почетокот на пандемијата досега во општините Крива Паланка и Ранковце од Ковид-19 се заразиле вкупно 73 лица.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје денеска и во Општина Крива Паланка е регистрирано едно лице излекувано од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите