-->
-->
Во Крива Паланка бесплатно советување за оданочување
-->
Во организација на Управата за јавни приходи, Даночен шалтер Крива Паланка денска се одржа бесплатно советување за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи.
На обуката беа презентирани и даночните поволности при остварени приходи од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот.
- Денешната едукативна обука е една од вкупно 46-те што се органзиизраат во земјава. Дел се од Планот за управување со усогласеност на Управата за јавни приходи со кој се таргетираат издавањето под закуп на движен и недвижен имот и правата и обвските на даночните обврзници, информира Сања Јакимовска, шеф на даночниот шалтер на Управата за јавни приходи во Крива Паланка.
Приходите остварени по основ на закупнина, издавање земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, викендици, превозни средства и друг вид имот подлежат на оданочување на персонален данок и граѓаните треба да го пријават во УЈП.
- УЈП и во наредниот период ќе продолжи со вакви едукативни средби со цел да се подигнат свеста и едуцираноста на населението за правата и обврските како даночен обврзник, додаде Јакимовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставниот суд расправа по иницијатива за постапувањето на телекомуникациските оператори со податоците за претплатниците
-
Се обидел со нож да нападне полицајци, кривична за дебранец
-
Одложено повтореното судење за модуларната болница
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Бремен
-
Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир
-
Варан одлучи да се пензионира
-
Бесија Иљази обвинета за злоупотреба на службена положба
-
Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран