Во критична состојба се четири деца заразени со морбили
Во критична состојба се четири деца заразени со морбили. Три се на лекување на Инфективна, а едно е на Детска.
Меѓу пациентите на Клиниката за инфективни болести има и детенце со Церебрална парализа и епилепсија кај кого вирусот предизвикал сериозни компликации.
Трите смртни случаи од компликации од морбили за три дена ги исплашија родителите.
Иако вчера комисијата за заразни болести препорача имунизација со МРП за сите бебиња над шест месечна возраст, денеска во Пунктовите не ја спроведуваат мерката бидејќи ја чекаат на писмено одлуката од министерството за здравство.
Од Здравствен дом Скопје ќе бараат дополнителни тимови за спроведување на најавената теренска вакцинација во училиштата, за да не останата пунктовите без медицински кадар. Но, категорични се дека нема да биде боцнато ниту едно дете без дозвола од родителите.
Ново на Сител
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно