Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 479
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид центарот на Неврологија двајца.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на
Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.
Вкупно 479 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров