Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекуваaт 265
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симптоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 69 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на ГАК три пациентки.
Вкупно 265 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид