Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 446
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.
Вкупно 446 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното