Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства во 1998 година во Призрен
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека денеска е уапсен етнички Србин осомничен за воени злосторства во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Уапсениот М.П. се сомничи дека учествувал во убиството на тројца цивили од албанска националност во Призрен во 1998 година.
По наредба на обвинителот на случајот, на осомничениот му е одредена мерка притвор, со цел во законски предвидениот рок да биде изведен пред судија во претходна постапка.
– Специјалното обвинителство на Република Косово информира дека по интензивна истражна работа на косовската полиција, Управата за истрага на воени злосторства и по овластување на Специјалниот обвинител, е уапсен осомничениот со иницијали М.П., од српска националност, државјанин на Косово и на Србија, поради постоење основно сомневање за сторено кривично дело „Воено злосторство против цивилното население“… Против истото лице е поднесена кривична пријава со сомнение дека во септември 1998 година во населбата „Хоќа Маало“ во Призрен учествувал во убиството на три цивилни лица од албанска националност, кои не биле вклучени во војната, се наведува во соопштението.
На 20-ти овој месец во северно Косово беа уапсени тројца етнички Срби, исто така обвинети за воени злосторства во војната во 1998-99 година. На тројцата им е одреден по 30-дневен притвор.
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош