Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
На пет дена до крајот на пописот на населението во Косово, досега се попишани над еден милион и 420 илјади жители.
Вршителот на должноста извршен директор на Агенцијата за статистика на Косово (АСК), Авни Кастрати, на денешната конференција за медиуми рече дека, иако во оваа институција очекувањата се дека процесот ќе заврши навреме, од некои општини има барања рокот да се одложи.
Кастрати изјави дека досега сé се одвивало според планираното, без некои поголеми предизвици.
Тој додаде дека во однос на барањата за одложување на датумот, ќе видат дали истото има основа да биде одобрено и информриа дека во некои општини, како Призрен и Приштина, се отворени канцеларии за граѓаните кои немале можност да се попишат во нивните домови.
Што се однесува до северниот дел, населен со мнозинско српско население, Кастрати рече дека, иако имало двоумење, дел од тамошните граѓани се попишале.
Кастрати објави дека бројот на пријавени жители од дијаспората надминал 400.000.
Во овој попис е вклучен и прашалник кој им овозможува на граѓаните да ги пријават штетите од последната војна во Косово, во 1998-99 година.
На последниот попис на населението во Косово, одржан во 2011 година, процесот не беше спроведен во четирите општини со српско мнозинство на север, а беше делумно бојкотиран од Србите и во другите општини.
Овој попис на населението започна на 5 април и ќе трае до 17 мај, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат во јуни.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци