Македонија
8. December 2018 - 16:24

Во комплицирана операција спасен животот на 38 -годишен пациент

Пред 10 години добил силна болка во градите и паднал во безсознание. Од тогаш почнала голготата по болниците и клиниките на 38 годишниот Бесир Ибраими од  Тетово. Лекарите костатирале дека функција на срцето му е многу слаба.

-Не можев да дишам, не можев да пешачам, ни да јадам. Ме пратија во Систина кај Александар Николиќ еден преглед да направиме и тој се одлучи да се направи операција. Па фала му на господ и на професорот сега подобро сум, изјави Бесир Ибраими од Тетово.

Премногу ослабеното срце на Ибраими довело до зголемување на највиталниот орган и почнале да пукаат шевовите на левата страна од срцето после првата операција. Неопходна била нова итна интервенција.

-Поради неговата тешка состојба со срцето се одлучивме за втора операција . Затоа што тоа беше единствениот излез да може да живее. Ја направивме таа доста тешка и комплексна операција. Го заменивме тој залисток, но моравме да одиме во хипотермнија и целосно го стопиравме крвотокот. Тоа беше доста тешко и драматично, но се помина во најдобар ред. Тој сега ни е жив и здрав и убаво се чувствува и функционира, изјави проф.д-р Александар Николиќ, шеф на одделот за кардиохирургија во Аџибадем Систина.

-Животот е сега поубав. Имам волја да живеам. Благодарност до целиот тим на кардиохирургија Систина, се заблагодари Ибраими.

За краток период ова тешка кардиохируршка интервенција е трета по ред на тимот предводен од професорот Николиќ. Неодамна во Аџибадем Систина вградиле второ вештачко срце. И го спасиле животот на 28 годишна пациентка.

-Ние сакаме да бидеме лидери во Македонија и во овој дел од регионот за лекување на срцева исуфициенција, додаде професорот Николиќ.

Радоста на Ибраими е дополнителен мотив за кардиохириршкиот тим од Аџибадем Систина да ја вратат насмевката на уште многу нивни пациенти.