Во Кочанско лани пошумени 37 хектари со 34.000 садници
Во Кочанско минатата година се пошумени 37 хектари со 34.000 садници. Од подружницата шумско стопанство „Осогово“ од Кочани на ЈП „Македонски шуми“ велат дека лани работеле на пошумување и заштитата од ерозија на терените на Осоговијата и во околината на градот Кочани.
- Минатата година пошумивме вкупно 17 хектари голини, ерозивни терени и места на кои имавме одредено опожарување на шума .Оваа површина ја пошумивме со 34.000 садници од чемпрес, црн и бел бор и багрем. Само на таерените на Пониква кај месноста викана Аероедром минатата година со неколку наши акции пошумивме 15 хектари голини со над 30.000 садници од смрча, изјави Орце Димитров, директор на ШС „Осогово“ Кочани.
Во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ истакна Димитров, се пошумени уште два хектара на терените над градот Кочани кај фабриката за вода, во која акција се вклучија и граѓаните на општината.
Според планот на Шумско стопанство „Осогово“ од Кочани и годинава ќе се пошумуваат голини и ерозивни терени на територијата на планината Осогово, онаму каде што е неопходно подигнување нови шумски насади.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“