Во Кочани тројца кандидати за градоначалник

Општинските изборни комисии на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ги потврдија листите за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.
Во Кочани граѓаните ќе можат да се изјаснат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и четири советнички листи. Во трката за градоначалничката функција СДСМ ќе оди со бизнисменот Николчо Илиев. ВМРО ДПМНЕ по трет пат ќе ја бара довербата од граѓаните за кандидатот Ратко Димитровски, а кандидат за градоначалник во Кочани е и Методи Јованов од СДПМ. Кочанци ќе можат да гласаат и за едно од четирите советнички листи - три од политички партии и коалиции и една независна листа.
Во Виница кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е Мартин Павлов, а на СДСМ Ивица Димитров. Во оваа општина ќе има две листи за советници од коалициите предводени од овие две партии.
За Зрновци ВМРО – ДПМНЕ го кандидираше Блаже Станков, а СДСМ - Ванчо Митев. Во оваа општина има и независен кандидат за градоначалник Мите Николов. Ќе се гласа за три советнички листи, две на политички партии и коалиции и една независна листа.
Во Чешиново-Облешево за градоначалник се кандидирани Горан Зашов од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Крстев од СДСМ. ОИК потврди и две советнички листи.
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
