Во Кочани се реализира проектот за третман на отпадните води

Општина Кочани засилено работи на реализација на проектот за третман на отпадните води во општината. Единицата за управување со проектот за третман на отпадните води одржа работна средба во просториите на општината, на која беа сумирани резултатите од досегашниот тек на активностите.
- Во наредниот период консултантска куќа „Ернст Бастлер“ и „Партнер АГ“ од Швајцарија ќе врши евалуација на пристигнатите понуди за проектант и изведувач на проектот. До крајот на овој месец ќе се одлучи која компанија ќе биде избрана за изведување на проектантските, технолошките, градежните, заштитните и другите работи од проектот, изјави по средбата градоначалникот Ратко Димитровски, кој е член на Единицата за управување со проектот.
Проектот за третман на отпадни води – Кочани почна да се реализира во октомври 2015 година од КЈП „Водовод“ и општина Кочани, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија и Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица за отпадни води и изградба на колектор долг околу 10 километри, преку кој ќе се одведуваат отпадните води од Кочани, но и корпоративен развој на „Водовод“ и кампања за зголемување на јавната свест.
Подобрувањето на системот за отпадни води во општина Кочани ќе придонесе за здрава животна средина, безбедно земјоделско производство, заштита на природните ресурси и забразување на локалниот економски развој.кг/мд/10:31
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
