Во Кочани се продаваат парцели за објекти за домување и за стопанска намена
Поради зголемениот интерес кај граѓаните и инвеститорите во стопанството, Општина Кочани објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост, наменето за изградба на објекти за индивидуално домување во градот, за викенд куќи на Пониква и за стопанска дејност.
По пат на јавно наддавање се продаваат вкупно десет парцели, од кои четири за семејни куќи со просечна површина од околу 450 квадратни метри се наоѓаат во населбата Текешински Лозја, во западниот дел на градот. Земјиштето за изградба на стопански објекти е лоцирано во месноста Драчевик, каде исто така има четири парцели со просечна површина од 1.300 квадратни метри.
-Заедно со градежното земјиште за домување и за стопанство, на граѓаните им нудиме и парцели за изградба на викенд-куќи на атрактивна локација во планинскиот туристички центар на Осоговските Планини. Просечната површина на секоја од нив е околу 600 квадратни метри, а почетната цена за сите десет парцели е по 61 денар за квадратен метар. Заинтересираните за градба на куќи можат да се пријават до 4 декември, за стопански објекти до 16 декември, а за викендичките на Пониква до 24 декември, истакна Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам во Кочани.
Се очекува по продажбата на парцелите, во општинскиот буџет да се слеат околу половина милион денари, со што локалната самоупшрава ќе обезбеди дополнителни средства за реализација на годишната програма за уредување на градежното земјиште.
Подетални податоци за условите за продажба на градежно земјиште во државна сопственост можат да се добијат од објавата на веб-страницата на Општина Кочани.
Ново на Сител
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп