Во Кочани реализран проектот „Книгата патува во домот на секое дете“
Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани го финализира проектот насловен „Книгата патува во домот на секое дете“ во кој беа вклучени децата од големата група во четирите клона на Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани.
- Целта на проектот е детето мотивирано да ја однесе книгата во својот дом, да ја покаже на родителите и заеднички да разговараат за неа, а потоа своите импресии да ги стави на цртеж кои ќе бидат дел од изложбата во рамките на проектот, истакна Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар.
Притоа Салтирова истакнува дека родителите одвојуваат време за заедничко читање со своите деца, но овој проект има за цел да биде уште една мотивирачка активност книгата да биде дел од секојдневието на децата.
Цртежите 156 на број, нацртани од децата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ инспирирани од прочитана книга се поместени на изложба која денеска беше отворена во Библиотеката „Искра“ во Кочани. Со ова се реализира во целост проектот „Книгата патува во домот на секое дете“ кој изминатите денови го спроведоа Детската градинка и Кочанската библиотека.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица