Во Кочани ќе се прска против комарци
Општина Кочани за утре изутрина ја најави првата акција за прскање против комарци со која ќе бидат опфатени 400 хектари.
Запрашувањето ќе се врши од земја во градот Кочани и во населените места од низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Мојанци, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Општината апелира пчеларите да ги заштитат пчелните семејства од третирањето против комарци.
Наредните два месеца ќе се спроведат уште четири акции за уништување на комарците од земја и воздух. За авио-третирањето Општината склучи договор со компанијата „Бони ер“ од Куманово, додека за прскањето од земја со Центарот за јавно здравје од Скопје.
За набавка на неопходниот инсектицид и ларвицид одобрен од Бирото за лекови, како и за услугата за прскање против комарците оваа година Општината од сопствениот буџет издвои 1,542 милиона денари или околу 200.000 денари повеќе од лани.
Со терестријалниот третман ќе се опфати површина од околу 1.200 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината, додека со авионското прскање се планира да биде опфатена површина од 3.400 хекатари во градот и населените места.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350