Во Кочани исплатени над милион денари за субвенции за печки на пелети и инвертер клима уреди

Вкупно еден милион и десет илјади денари за субвенционирање на печки на пелети и инвертер клима уреди им распредели Општина Кочани на граѓаните, како дел од мерките за намалување на испуштањето штетни материи во воздухот што настануваат од затоплувањето во домаќинствата. Средствата беа обезбедени од општинскиот буџет, преку Програмата за заштита на животната средина.
– Одобрено е 101 барање за субвенции за печки на пелети и за инвертер-клими. Одбиени се само шест апликации, поради тоа што инвертер-климите или печката на пелети се купени пред почетокот на важноста на субвенционирањето. Најголем интерес, од 91 граѓанин е покажан за инвертер-климатизери, а само десет граѓани набавиле печки на пелети, истакнаа од Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање.
Вкупниот износ наменет за покривање на дел од трошоците што граѓаните ги имаат при набавката на уредите, првично изнесуваа 600 илјади денари. Поради покажаниот интерес, Советот на Општина Кочани донесе одлука за дополнително издвојување средства за сите барања што беа поднесени во периодот од 11 ноември до 20 декември 2019 година.
Висината на поединечната субвенција по барател, односно домаќинство изнесуваше 10 илјади денари, а субвенционирањето се вршеше по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Дел од условите што требаше да бидат исполнети, беа барателите да се жители на Кочани, да платиле данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката или климатизерот, и да ги купиле и инсталирале во периодот на траење на јавниот повик.
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
