Во Кочани 15 лица заработиле казни за нелегален такси превоз

Со цел да се намали присуството на диви такси возачи на територијата на општина Кочани, сообраќајниот инспектор Јордан Гицов на четири лица им издаде решенија за докомплетирање на документите за легален превоз.
- Петнаесет диви такси превозници се казнети во 2016 година и за нив е поднесено барање до Судот за поведување прекршочна казна, а едно лице е казнето и веднаш има постапено по решението ја платил казната во определениот рок, информира Гицов.
Сообраќајните инспектори заедно со полициски службеници од Полициската станица - Кочани постојано излегуваат на терен со цел затекнување на лицата за вршење нелегален превоз на патници.
Инаку непознат е бројот на дивите таксисти кои нелегално работат во овој регион, но има и легални таксисти со несоодветни лиценци за работа. Од друга страна законот не налага одземање на возилата и затоа оди потешко.
Гицов додава дека дивите таксисти не ги оштетуваат граѓаните со наплата на поскапа тарифа, туку оштетата ја трпат легалните таксисти затоа што тие чекаат патници на одредени места за такси возила, а дивите ги има насекаде и полесно доаѓаат до патници. Инспекторите апелираат за соработка со легалните таксисти, односно да ги информираат инспекциските служби за појава на диви таксисти за да благовремено се реагира и да се санкционираат тие појави.
Тој додава дека во наредниот период инспекциските служби ќе преземаат позасилени мерки на терен со цел воведување ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи.
Според Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца.
Ново на Сител
-

Приведен радовишанец, се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица
-

Барселона загуби од Атлетико, ПСЖ подобар од Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ
-

Ројевиќ: Триумфот над Еурофарм Пелистер ни ја крева самодовербата пред пресметките со Целје
-

ДЗР: Потребни реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица
-

Дрога пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, приведен 25-годишен жител на селото
-

Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Доживотните казни за убиствата на Вања и Панче на расправа пред Апелација
-

Ѓорѓиевски: По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзалната сала, конечно почнува да се гради
