Во Клиниката „Св.Наум Охридски“ првпат извршена интервенција на стапало поради деформитет на петна коска
На Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ првпат е извршена интервенција на стапалото на 38-годишен пациент кој имал спортска повреда и деформитет на петна коска поради скинат дел од тетивата која била откачена од коската. Интервенцијата кај пациентот е направена на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Ова денеска за МИА го изјави трауматологот Виктор Камиловски од Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, кој ја извршил интервенцијата.
Тој посочи дека станува збор за минимална хируршка интервенција и истиот ден пациентот е пуштен дома.
- По една година пациентот може да облече патика или чевел на стапалото. Кај спортистите исто така оваа е честа појава бидејќи во кoпачките постојано е надразнет тој дел од петицата и често доаѓа до кинење на дел од тетивата којa влегува во коскената структура, рече Камиловски.
Тој потенцира дека благодарение на оваа техника се овозможува спортистот или пациентот брзо да се врати на своите работни или спортски активности.
- Се ставаат специјални сидра анкори во коската, се отстранува делот од коската којшто е вишок и фактички на тој начин се оневозможува иритација на кожата и тетивата. Оваа повреда најчесто ја имаат фудбалерите. Но, со оваа современа интервенција се прави целосна корекција и во случајов пациентот може нормално да се движи, да носи обувки, нагласи доктор Камиловски.
Вакви деформитети на петица, појасни, имаат не само фудбалерите, туку и жените кои носат високи потпетици.
- Високата позиција на стапалото со менување на трансферзалниот свод уште повеќе прави притисок на петицата и тетивата што предизвикува силна болка. Се развива воспаление на ќесата која го подмачкува тој дел од петицата. Поради држењето на ногата во чевла што директно влијае на стегањето на петицата, може да настане деформацијата. Доколку се забележи ваква промена кај стапалото треба веднаш да се реагира, истакна Камиловски.
Додаде дека бенефитот од оваа минимална интервенција е рана мобилизација на стапалото, а на пациетот му се овозможува нормално да се движи.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година