Во Кинотека кратки аматерски филмови на автори од Кино клубот Русе

Презентација на кратки аматерски филмови на авторите од Кино клубот Русе, од Бугарија ќе се одржи вечер во Кинотеката на Македонија.
Презентацијата е по повод 30-годишната соработка меѓу Академскиот кино клуб од Скопје и Кино клубот Русе. Целокупното времетраење на проекцијата е околу 2 часа. Ќе бидат прикажани 15 филмови меѓу кои „Браво брависимо“, „Кранот којшто“, „Да се научиш“, „Кутија“, „Парада“, „Две слики на тема вода“, „Страст“, „Контакт 7“...
Триесетгодишната соработка е плод на долгогодишното пријателство на двата кино клуба, меѓусебната соработка на полето на филмот и макотрпната работа на филмските ентузијасти од Македонија и Бугарија. На кино проекцијата ќе бидат присутни Владимир Илиев, претседател на Националната филмска организација „Алтернативно кино“ од Бугарија и Станимир Трифонов, филмски режисер и професор по филмска режија во Бугарија.
Ново на Сител
-

Сообраќајот непречено, по влажни коловози
-

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
-

Православните христијани го слават Бадник
-

Променливо облачно со повремен локален дожд и наместа засилен ветер од јужен правец, од утре дожд и снег
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
