Свет
8. May 2020 - 9:00

Во Кина регистриран само еден нов случај на коронавирусот

Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со коронавирусот и ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија.

Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.886, а починале 4.633 лица, соопштија здравствените власти.

Здравствената комисија за вчера пријави и 16 асимптоматски случаи.