Свет
10. May 2017 - 9:49

Во Кина маж со нож нападнал 18 луѓе на улица

Кинеската полиција денеска соопшти дека во северниот дел на Кина маж со нож нападнал на улица луѓе, при што повредил 18 лица.

Нападот се случил вчера, а осомничениот е приведен, откако полицијата го ранила, соопшти полициската управа на Чангчун. 

Ниту еден од повредените не е во животна опасност, а полицијата се обидува да го утврди мотивот за нападот. 

Членовите на семејството на осомничениот Ванг Јунвеи, кој има 50 години, изјавија дека тој претходно бил хоспитализиран поради ментални проблеми.