Во Кичево се одржа манифестација „Отворен ден на мултикултурализмот“
Културна манифестација „Отворен ден на мултикултурализмот“ се одржа денеска на платото пред и во зградата на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.
Манифестацијата е на иницијатива на членовите на групата „Вреди да си од Кичево“, се одржува по втор пат, а организаторите сакаат таа да биде традиционална.
Настанот го отвори градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој истакна дека со манифестацијата се негува различноста и почитувањето на сите етникуми кои живеат во таа општина.
По отварањето на манифестацијата се одржа дефиле со народни носии од сите етникуми, а потоа беше отворена изложба на фотографи од Кичево и Кичевско. Присутните имаа можност да ја вкусат богатата кичевска кујна, каде што се преставија традиционални јадења од сите националности.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата