Македонија
10. January 2017 - 12:40

Во Кичево проодни сите патни правци

По обилните врнежи од снег што ја зафатија општина Кичево, каде снежната покривка во градот достигна и до 30 сантиметри, сите патни правци се проодни.

Надлежните служби од општина Кичево навремено реагираа и улиците во градот се проодни.

Освен во градското подрачје пробиени се сите патни правци кон сите насели места и во руралните средини, извести портпаролот на општина Кичево Емин Насуфи.

Надлежните служби од општина Кичево се покажаа ефикасни и покрај обилните врнежи и многу ниските температури.