Во Кичево ќе се вози втората кружна трка од македонскиот автомобилистички шампионат
– Во Кичево денеска точно на пладне ќе стартува втората кружна трка од македонскиот автомобилистички шампионат.
Најдобри времиња во квалификациите остварија: Димитриј Кимовски, кој што вози со српска лиценца и е вон конкуренција, односно гостин во дивизијата до 1.150 кубни сантиметри, Благоја Димитровски во дивизијата до 1.600 кубни сантиметри и Давид Малинковски во категорија Е1 до 2.000 кубни сантиметри.
- Задоволен сум од извозеното време во квалификациите, особено од второто возење кога го поставив најдоброто време. Очекувам интересна и возбудлива трка”, изјави Давид Малинковски, возачот на Кастум Кар Рејсинг.
Ова е втор настан од вкупно четири трки на кружни патеки во годинешното македонско автомобилистичко првенство.
- Квалификациите поминаа одлично, задоволни сме од реализираното и очекуваме уште повеќе публика и добри резултати на трката, истакна организаторот на настанот, Миле Делев од автомото клубот Кастум Кар Рејсинг.
Во генералниот поредок водат Александар Ѓеорѓиевски во класата 1, Мартин Делев во класата 2, Дарко Ангеловски во класата 3, Даниел Блажевски во класата 4 и Даниел Белиќ во класа 7
Ново на Сител
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
-

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
-

За една недела констатирани 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.691
